
Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, поради понатамошен развој, има потреба од кандидат за следната работна позиција:
ЛИЦЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ И ПРАВНИ РАБОТИ
Работни задачи:
- Усогласување со законска и подзаконска регулатива
- Имплементација, усогласување и следење на групациска регулатива
- Подготовка на документи за потребите на состаноците на Одбор на директори и Собранието на акционери;
- Комуницирање со државните органи;
- Подготовка и проверка на договори;
- Подготовка на интерни акти на Друштвото;
- Следење на прописите и информирање за истите;
- Правно советување на органите на управување и надзор;
- Идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето со прописите;
- Активности во врска со спречување перење пари и остварување на непосредни контакти со Управата за финансиско разузнавање;
- Активности во врска со заштита на личните податоци на клиентите во фондовите и остварување на непосредни контакти со Дирекцијата за заштита на личните податоци.
- ВСС (високо образование) –правен факултет;
- Како предност ќе се смета претходно работно искуство поврзано со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за заштита на лични податоци и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам;
- Познавање на англиски јазик;
- Работно искуство од најмалку 3 години;
- Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси;
- Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
- Способност за разрешување на проблеми;
- Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот.
- Динамична работа;
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
- Развој на кариерата низ соодветен тренинг.
- Професионализам
- Долгорочен фокус
Бидете дел од меѓу најголемите финансиски групации - Генерали