Офицер за сметководство
Скопје
Рок за пријавување:
- ЕОЅ Матрих
ОФИЦЕР ЗА СМЕТКОВОДСТВО
ул. „Аминта Трети” бр. 1 Скопје
EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Обработка/изработка на влезно-излезни фактури и нивно книжење;
- Благајничко работење;
- Подготовка, пресметка и книжење на патни налози;
- Книжење на денарски и девизни изводи;
- Евиденција и водење на регистар на ОС;
- Правење преглед на обврски и налози за плаќање во е-банк;
- Девизно работење (приливи – одливи)
- Известување до НБРМ – (НД Обрасци - ВС22);
- Пресметка на МДБ и ДДВ;
- Подготовка на барања за потврди за платен данок на задршка (УЈП);
- Подготовка на барања за ослободување/олеснување при плаќање данок на задршка (УЈП);
- Подготовка на барања за потврди за резидентност (УЈП);
- Соработка со годишна ревизија
Потребни квалификации
- Одлично познавање и работа во PANTHEON
- Завршено Високо образование (ќе се смета предност);
- Најмалку 3 годишно работно искуство во областа на финансиите и сметководството
- Одлично познавање на компјутери и софтверски апликации (MS Office 365 - особено ексел и ворд);
- Познавање на англиски јазик
- Поседување на лиценца за Сметководител ќе се смета за предност;
- Способност за тимска работа
- Способност за работа со зададени рокови
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 08 – 16 часот
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 12.04.2023 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
*Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку. Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил: mkdpo@eos-matrix.mk
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
+389 2 3200 400 | jobs@eos-matrix.mk
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!