
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Инспектори за испитување без разорување ИБР (NDT)
Работни задачи:
- Извршување на инспекции, калибрирање на инспекциска опрема, оценување и подготовка на извештаи користејќи ги конвенционалните и напредните ИБР (NDT) методи на материјали, заварени споеви, фабрикувани делови и компоненти со цел пронаоѓање на површински и внатрешни недостатоци (дефекти) на различни локации како офшор платформи, FPSO-а, рафинерии за нафта и гас, цевководи, електрични централи, фабрики, и други индустриски постројки.
- Извршување на инспекциски активности во доменот на опрема под притисок и челични конструкции преку ИБР (НДТ) методи, како PT, VT, RT, UT, MT, ET и напредни техники како TOFD, Phased array, LRUT итн.
- Инспекција на опрема за подигнување на товар како и нејзина сертификација
- Вршење на инспекции со метод на работа на висина (Rope Access)
- Различни инспекции од областа на ИБР
Потребно образование, вештини и способности:
- Завршено високо техничко образование или во фаза на завршување на студиите– Машински Факултет, Технолошко-металуршки факултет или други технички факултети
- Со или без работно искуство
- Одлично по знавање на Англиски јазик
- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период
- Физичка и психичка подготвеност за работа на висина (опционално)
- Познавање на алатките на Microsoft Office
- Способност за читање на техничка документација и стандарди
- Способност за самостојна работа и работа во тим
- Одговорност и посветеност на работата
- Самоиницијативност и подготвеност за учење
Што нудиме:
- Работа во голема интернационална компанија
- Можност за развој и градење на персонална и професионална кариера
- Одлични услови и атмосфера за работа
- Работа во динамична атмосфера
- Професионални обуки со интернационално признаени сертификати
- Дополнителни надоместоци при работа во странство



Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.