Vrabotuvanje.com - .NET програмер - Скопје - Corvus Info
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Corvus Info

Corvus Info дооел Скопје е дел од M SAN групацијата со седиште во Загреб, Република Хрватска. Компанијата е лоцирана во Загреб и Скопје, каде моментално работат над 50 вработени.

Повеќе инфо за нас: www.corvus-info.com/mk/

Имаме повеќегодишно искуство со еCommerce проекти, од кои се истакнува eKupi.eu – најголемата Интернет продавница во Хрватска и Македонија, како и земјите во регионот. Нашите решенија нудат можност за интеграција со постоечка инфраструктура или може да се понудат посебно како комплетни eCommerce решенија. Исто така, произведуваме софтвер согласно потребите на нашите клиенти, базиран на SAP, JAVA и .NET технологии.


Corvus Info вработува:

.NET ПРОГРАМЕР

 

 

Бараме мотивирани луѓе за развој на високо квалитетен и доверлив софтвер во .NET технологија, од кои се очекува:

Основни очекувања:

  • Анализа и учество при дефинирање на технички спецификации;
  • Работа во професионален тим за реализација на проекти: 
  • Развој, тестирање и испорака на софтвер согласно корпоративните правила и методологии;
  • Испорака на проектна документација (техничка документација, документирање на код и сл.);
  • Техничка поддршка, надградба и одржување на постоечки софтвер;
  • Следење и почитување на зададени проектни рокови;

Минимални технички познавање:

  • Најмалку искуство 1 година 
  • Агилен развој со SCRUM методологија
  • Задолжително познавање:
  • Microsoft .NET Framework, C#, ASP.NET, JavaScript, CSS, HTML, AJAX, jQuery, Web services, RESTful, WCF, MVC и GIT
  • Бази на податоци: Open source DBs и MS SQL
  • Објектно-ориентирано програмирање, unit-тестирање, верзионирање на код и континуирана интеграција
  • Не е задолжително, но предност би било познавање:
  • AngularJS, ReactJS, KnockoutJS 
  • NoSQL бази на податоци и SQL queries (mining, data analysis, итн.)

Едукација и лични особини:

  • Завршено високо образование од областа на компјутерските науки или релевантна област
  • Одлични комуникациски вештини (пишување и говорење) во рамки на компанијата и надвор од неа (клиенти, надворешни проектни тимови и сл.)
  • Самоиницијативност, мотивираност и проактивност 
  • Деловен бон-тон, колегијално однесување, тимско работење и самостојност при решавање на проблемите
  • Познавање на англиски и хрватски/српски/босански јазик
  • Поседување на Б возачка дозвола е предност

Што нудиме ние:

  • Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух
  • Конкурентен финансиски надоместок
  • Можност за вработување на неопределен период
  • Можност за професионален и личен развој
  • Можност за сертификација, напредок и надградба на Вашите компетенции
  • Можност за работа на интернационални проекти

 

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме вашата професионална биографија (CV)
​ испратете ја електронски преку полето Аплицирај.
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде