Vrabotuvanje.com - Оператор на пастеризација и полнење на линија за асептичко пакување - Скопје - Executive Search Consulting
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на пастеризација и полнење на линија за асептичко пакување

Скопје

Рок за пријавување:

  • Executive Search Consulting

Executive Search Consulting (ESC) e дел од Workforce Human Resource - регионална компанија за човечки ресурси која работи во земјите на Адриатик регијата и има повеќе од 20 години искуство во HR индустријата, при што секојдневно поддржува над 500 клиенти и над 5.000 соработници.
 
Нашите решенија се дизајнирани според вашите потреби, без разлика дали барате работа или сте работодавач, било да ви требаат 1 или 1.000 вработени. Обезбедуваме поддршка при регрутација, вработување, трудово право и консалтинг за човечки ресурси, пресметка на плати, аутсорсинг на процесот на регрутација и onsite менаџмент.
 
За нашиот клиент Фруктал Мак А.Д. Скопје – дел од Nectar Group, бараме мотивирани кандидати за следниве позиции:
 
ОПЕРАТОР НА ПАСТЕРИЗАЦИЈА И ПОЛНЕЊЕ НА ЛИНИЈА ЗА АСЕПТИЧКО ПАКУВАЊЕ 
(1 извршител)
 
 
 
Основни задачи:
  • Ракува со асептичен уред за пастеризација и полнење на каши од овошје и зеленчук
  • Пастеризација на каши и полнење во асептични вреќи
  • Подготовка на уредот за работа
  • Перење на уредот според упатство и контрола на квалитетот на наполнетата амбалажа
  • Го контролира режимот на пастеризација и ладење на пастеризаторот
  • Врши подготовка на пастеризаторот за работа
  • Управува и ја следи работата на пастеризаторот
  • Одржување на лична хигиена, хигиена на опремата, средствата за работа и работниот простор
  • Евидентира и известува за неможности за работата кај сменскиот технолог
  • Примена и одржување на документиран систем за квалитет и систем за безбедност на производи во доменот на одговорност (ISO-9001 и ISO-22000, HACCP, ISO 22000)
  • Обучува нови оператори
  • Се приджува кон сите мерки за противпожарна заштита и заштита при работа
  • Работи и други работи по налог на претпоставениот.
 
Профил на кандидатот:
  • I-III степен на стручна подготовка, КВ работник – манипулант во прехранбена индустрија, механичар, електромеханичар.   
  • Посветеност и одговорност кон работата, развој на добри меѓучовечки односи
 
Услови за работа:
  • Прва, втора и трета смена, 40 работни часа неделно, работа во производствен погон
  • Ангажман на 6 месеци, со можност за договор на неопределено работно време
  • Основна месечна нето плата: 21.000,00 мкд
 

Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за некоја од огласените работни позиции, испратете ваше CV преку полето Аплицирај најдоцна до 21 декември 2018. Ве молиме назначете го насловот на позицијата за која се пријавувате. За повеќе информации слободно можете да се јавите на 02-2700-425.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг Ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде