Vrabotuvanje.com - Агент во контактен центар - Скопје - ОРИКС ГРУПА МКД ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент во контактен центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОРИКС ГРУПА МКД ДООЕЛ Скопје

Агент во контактен центар (м/ж) (предност знаење на хрватски, германски, словенечки и/или италијански)

ORYX Asistencija, составен дел на Zubak Grupа, пружа врвна и доверлива услуга на помош на пат, помош на море и домашна асистенција. Своите производи, освен во Македонија, моментално ги пружаме во уште 8 европски земји. Што и да правиме, даваме сѐ од себе за да направиме и повеќе од бараното. Секој наш вработен тежнее да биде најдобар во своето подрачје, непрестано се образува, расте и се грижи сѐ да направи што подобро, повеќе и побрзо. Цениме труд и мотивација. Секогаш и секаде размислуваме како да го унапредиме, подобро решиме или поефикасно направиме она што го работиме. Иновацијата нѐ движи и мотивира и ја поттикнуваме и очекуваме од секој вработен. Ги  цениме добрите идеи, а уште повеќе нивното квалитетно извршување.

За работата
 
За нас контактниот центар е срце на нашата услуга, а брзината и квалитетот се клучни мотиви. Нашите агенти не се занимаваат со продажба и решавање на рекламации, ова е сервисен контактен центар што значи да координирате решавање на какви било потешкотии што корисникот ги има. Накусо, ти си спој помеѓу корисникот на услугата и нашите договорени сервисни партнери. Во нашиот контактен центар владее исклучително позитивна атмосфера, ергономијата на работата е врвна, а контактниот центар ни служи како извор на кадрови, така што ако си талентиран, амбициозен и работлив, имаш можност за напредување.
 
 
Опис на главните задачи
  • Дежурство во контактен центар
  • Запримање на дојдовни повици од корисниците на услуги
  • Организација и водење на случаи
  • Координација со партнери и уптавуње налози за испорака на услуги кон работниците на теренот
  • Пресметка на услуги според работниот налог и изработка на фактури
 
Карактеристики на соодветното лице за нас
Покрај македонскиот, го познаваш и хрватскиот, англискиот, германскиот, италијанскиот или словенечкиот јазик во говор и писмо, а имаш изразени комуникациски вештини и добар си во тимска работа. Информатички си писмен и имаш организациски вештини. Предност ќе имаат лица со искуство на работа во контактен центар, кои добро познаваат сообраќајници, населби и географски забележја и који добро се снаоѓаат во просторот со помош на дигитални мапи. Познавање на повеќе странски јазици е дополнителна предност.
 
 
Што ти нудиме
  • Квалитетен систем на обучување и континуирано унапредување на вештини
  • Активна и секојдневна поддршка на компетентни водители
  • Активно зголемување на плата согласно со развој и напредок, како и можност за остварување стимулации и бонуси
  • Вложување во стручни едукации и усовршување на познавање на веќе научените, ама и учење на нови јазици
  • Работа со меѓународни клиенти
 
Избраниот работник ќе биде вработен преку агенцијата ДЕКРА и ќе му биде доделен на работодавачот.
 
Во случај на склучување договор, избраниот кандидат доаѓа во Загреб во седиштето на работодавачот на двонеделна обука пред да започне со работа. Трошоците за време на двонеделниот престој се обезбедени во целост (храна и сместување).
 
Дознај повеќе за Zubak Grupа и ORYX Asistencijа на https://www.oryx-assistance.com/mk, пријави се за работа по електронски пат и придружи му се на нашиот тим.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде