Vrabotuvanje.com - Менаџер за корпоративни процеси - Скопје - ДЕЛТА БЕТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за корпоративни процеси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДЕЛТА БЕТ

Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, константно унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.   

За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е

МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНИ ПРОЦЕСИ

Основни должности:
  • . Стручна подршка во процесот на усогласување на работењето на компанијата со законите, законсите прописи, правила, насоки и кодекси од надлежните органи и институции, како и подршка во усогласувањето на интерните акти на компанијата.
  • Комплетна вклученост и обезбедување на активности поврзани со друштвено одговорните дејствија на компанијата, како и активно претставување на компанијата во медиумите.
  • Активно учество во сите процеси за идентификација и управување со конфликт на интереси. 
  • Процена на ефикасноста на контролните фактори со кои се утврдува усогласеноста на работењето на компанијата со законските регулативи, како и континуирано следење и унапредување на истите. 
  • Редовно известување на раковдството на компанијата за измените и дополнувањата во законските промени, нивното влијание на работењето на компанијата, како и следење на процесот на почитување на истите од страна на вработените во компанијата. 
  • Развивање на соодветни програми и планови за обука во областа на своите надлежности, односно, во согласност со ризиците, да врши усогласувања во областите како што се, спречување перење пари и финансирање тероризам, морални и професионални кодекси на однесување, управување со приговори од клиенти. 
  • Активно учествува во сите активности поврзани со навремено добивање или обнова на сите видови дозволи, одобренија, согласности, лиценци и сл., кои се од суштинско значење за работењето на компанијата, за одредени производи, за обнова на сертификати и лиценци кои се потребни на компанијата. 
  • Подршка при мониторинг, следење, евалуација, ре-евалуација на сите видови на ризици, нивно препознавање, како и утврдување на мерките за нивно отстранување. 
  • Координација и/или надзор во примена на безбедносните мерки во сите организациони едницни, како и известување за успешноста на мерките 10. Комуникација, управување и организација на пристапот на компанијата во кризни ситуации. 
Потребни услови:
  • Универзитетска диплома/постдипломски студии, предност ќе имаат кандидатите со Економски или Правен факултет. 
  • Најмалку 3 годишно работно искуство на исти или слични работни позиции. 
  • Добро познавање на законските прописи. 
  • Познавања од индустријата на игри на среќа.
  • Активно познавање на англиски јазик. 
  • Познавање и работа на MS Office пакетот. 
  • Изразени интерперсонални и комуникациски вештини.
  • Лидерски вештини. 
  • Способност за преговарање. 
  • Аналитичност. 
  • Способност за решавање на проблеми и конфликти. 
  • Прецизност, одговорност и посветеност на работата.
  • Способност за работа во тим.

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите преку полето Брза Апликација.  Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. 

Краен рок за поднесување на пријавите 03.12.2020 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде