Vrabotuvanje.com - Менаџер за контрола на квалитет - Скопје - ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ


Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
 
Менаџер за контрола на квалитет
 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија. 

 
Позицијата вклучува:
  • Врши проверка на разговорите на вработените кои се на специјалистички позиции во Секторот за клиентско искуство, Секторот за портфолио менаџмент, како и секторот за Продажба.
  • Преслушува и проверува разговори/апликации во точно определен број, по претходен договор со Извршниот директор.
  • Комуницира со Директорот за контрола на квалитет на глобално ниво, го информира за активностите и резултатите на секторот и ги имплементира глобалните насоки. 
  • Ги споделува резултатите од проверките со Раководните лица на секторите за кои се извршуваат проверките.
  • Во вид на детален извештај на крајот од секој месец, ги споделува резултатите со Извршниот директор.
  • Во вид на Вебинар, ги споделува резултатите и можностите за напредок со сите вработени во компанијата на почетокот на секој нов месец (се споделуваат информациите за претходниот месец).
  • Изработува детален пишан извештај за резултатите во текот на месецот за секој сектор одделно и ги изнесува своите заклучоци за направените проверки во текот на месецот.
  • Го известува Извршниот директор за активностите на Секторот за контрола на квалитет.
  • Го известува Директорот за контрола на квалитет на глобално ниво за остварување на бизнис планот, стратегијата и месечните и годишните таргети.
  • Ги известува раководните лица на секторите за кои се врши проверка за сите поважни информации и забелешки поврзани со проверките на разговорите и апликациите.
  • Врши други проекти и задачи на барање на Извршниот директор или повисок надреден, кои се во согласност со процедурите на компанијата.
  • Иницира, и е вклучен во изработка на процедури и процеси поврани со работата на другите Сектори во компанијата по потреба.
  • Учествува во развојот на нови и подобрување на постоечките проверки.
  • Соработува и врши размена на информации во рамките на мрежата.
  • Иницира и пријавува потреба за нови системски можности, како би се подобрил квалитетот на проверките кои се извршуваат.
 
На оваа позиција вработениот одговара пред Извршниот директор на компанијата.
 
Профил на кандидат:
  • Претходно работно искуство во релевантната област ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Искуство во користење релевантна технологија и опрема; 
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за запазување рокови;
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
  • Проактивен и тимски ориентиран;
  • Преземање одговорност.
 
Услови од компанијата:
  • Компетитивна плата на пазарот на труд;
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за реализирање амбициозни идеи и цели
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 
 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето  Аплицирај.
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
 
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде