Vrabotuvanje.com - Оператори во производство - Скопје - БАУМЕР ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператори во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • БАУМЕР ДООЕЛ

Со над 2,700 вработени Баумер е една од светски водечките произведувачи на сензори и мерни инструменти наменети за автоматизација на процеси. Овој успех Баумер го должи на своите вработени кои се посветени, врвно стручни и секогаш фокусирани на изнаоѓање на најдобри решенија за нашите клиенти. 

Баумер има потреба од оператори во производство на кабли, сензори и други компоненти за во фабриката во технолошко индустриската развојна зона Скопје

ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Предизвици:
  • Подготовка на материјал за работа, примена на канбан систем
  • Доработка и монтажа на кабли и други компоненти
  • Рачно лемење, лепење и спојување на електрични компоненти и кабли
  • Проверка на изработениот производ (визуелна контрола и функционален тест)
  • Етикетирање и пакување на производите
  • Постапување според работно упатство/налог од SAP
  • Задолжително следење на правилата и процедурите за работа
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
  • Работа со ситни компоненти која бара висока прецизност
Квалификации и експертиза:
  • Средно образование
  • Искуство во лемење на прецизни компоненти ќе се смета за предност
  • Технички вештини или афинитет за прецизна работа
  • Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
  • Висока свест за и фокус на квалитет на производите
  • Одговорност при извршување на задачите
  • Тимска работа
  • Независност во работењето
  • Познавање на англиски и/или германски јазик ќе се смета за предност
Што ја прави работата привлечна:
  • Можност за стекнување на знаења и вештини во полето на напредната технологија
  • Обезбеден превоз до работа
  • Обезбеден оброк во кантината на фабриката
  • Одлични услови за работа

Ако барате нов предизвик во динамична и брзорастечка успешна швајцарска семејна компанија, можеме да ви понудиме единствена можност. Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации се охрабруваат да го испратат своето CV на следната е-маил адреса info-mk@baumer.com

Само квалификуваните кандидати ќе бидат поканети на интервју и компанијата нема обврска поединечно да го известува секој кандидат кој аплицирал на овој оглас во случај да не се квалификува за интервју.

Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде