Vrabotuvanje.com - Работник во производство - леар - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник во производство - леар

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

 

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Производство, отворено е следново работно место:

 
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ЛЕАР

 

Опис на работно место:

  • Врши проверка и контрола на ливниот прибор на ливната платформа;
  • Ја следи состојбата на ливниот казан и го поставува на вртлива основа на Конти-лив;
  • Задолжително е присутен за време на леење на шаржата и го следи однесувањето на металот и ливниот прашок во кристализаторот;
  • Работното место го одржува чисто и уредно.

Работни услови: Работа во три смени.

Потребни квалификации:

  • III или IV степен на стручна подготовка;
  • Со и без работно искуство;
  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 24.06.2024 година

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Работник во производство - Леар и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде