Vrabotuvanje.com - Сервисер за одржување на банкомати и POS терминали - Скопје - Printec Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер за одржување на банкомати и POS терминали

Скопје

Рок за пријавување:

  • Printec Group

Принтек Група е водечка компанија за технолошки решенија со фокус на автоматизација на трансакции, во регионот на централна и југоисточна Европа. Вработување, развој и надоградба на талентот е основа на наша водечка филозофија. Постојано инвестираме во напредокот на нашите вработени, создавајќи околина која ги прифаќа различностите и поттикнува отвореност, тимски дух и лојалност. Со нас ќе имате прилика да работите на иновативни проекти и технологии во брзорастечка меѓународна средина, истовремено развивајќи си своите вештини и компетенции, додека ги остварувате своите лични цели и кариерни предизвици.

Сервисер за одржување на банкомати и POS терминали

Одговорности:

  • Сервисирање и инсталација на опрема на терен.
  • Постапување по доделени работни налози, комуникација со технички лица кај клиентот, анализа на логови, асистенција за далечинско разрешување на проблеми и други активности потребни за ставање на опремата во функција.
  • Поправка на уреди и делови во сервис.
  • Решавање на хардверски и софтверски проблеми во работата на IT опрема пријавени од клинети и/или преку внатрешните процеси во компанијата.
  • Способност за самостојна и тимска работа.
  • Користење на: сопствени вештини и знаење, достапни интерни ресурси и бази на знаење, онлајн тренинзи достапни на интранет страните на производителите на опремата, формални обуки, размена на искуства со колегите од останатите канцеларии во Принтек групата.
  • Внесување на податоци односно затворање на налози во соодветен интерен систем за следење на интервенции.

Квалификации и искуство:

  • ССС/ВСС Електро-техничка насока
  • Пожелно е и се смета за предност слично искуство (одржување на електротехничка опрема, компјутери или електромеханички уреди)
  • Познавање на АТМ уреди и POS терминали како и искуство со работа во областа на банкарскиот сектор се смета за предност.
  • Високо ниво на професионалност и одговорност, односно самостојност при извршување на задачите
  • Флексибилност за работа во различни временски распореди
  • Добри комуникациски и тимски способности, познавање на англискиот јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија

Што нудиме

  • Конкурентна плата, стабилност и бенефиции (бонуси, награди, приватно здравствено осигурување, додаток за превоз, продолжен годишен одмор)
  • Работа во динамична атмосфера и атрактивна индустрија
  • Можности за учење и напредување
  • Одлични услови за работа и пријатна тимска атмосфера
  • Поддршка од бројни ресурси од интернационална компанија
  • Работа по локални и меѓународни стандарди

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите ги молиме да испратат кратко биографија (CV) следната е-маил адреса: https://apply.workable.com/j/A4C513B5B2

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде