Vrabotuvanje.com - Оператор на машина - Скопје - ESI (Employment Services International)
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на машина

Скопје

Рок за пријавување:

  • ESI (Employment Services International)

 
За вработување кај наш клиент, реномирана и етаблирана македонска компанија за изработка на везови, бараме:
 
Оператор на машина (реон Центар)
 
 
ЗАДАЧИ:
  • Вчитување и пуштање во работа на машина
  • Подготовка и поставување на материјали (подлоги) за везење на машина
  • Набљудување на процесот на автоматско везење
  • Финална обработка на извезените материјали 
  • Евиденција на завршена работа во работна листа и работен налог
  • Ја запазува личната хигиена, хигиена на работно место, средставата за работа и работната околина
 
БАРАМЕ:
  • Работливост
  • Трудољубивост
  • Продуктивност
  • Способност за работа во тим и за работа под притисок
 
НУДИМЕ:
  • Комплетна обука
  • Работно време во две смени
  • Очекувана основна нето месечна плата по завршување на обуката: 18.000 ден со можност за зголемување
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат. 
 
Апликацијата на која не е наведено работното место нема да се земе во предвид.
 
Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.
 
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.
 
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Аплицирај и наведете ја позицијата за која аплицирате.
 
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде