Vrabotuvanje.com - Администратор - секретарка - Скопје - РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор - секретарка

Скопје

Рок за пријавување:

  • РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС

Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.

Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања. 

Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.

Администратор - секретарка

Потребни вештини и способности: 
  • Професионален однос кон работа и клиенти
  • љубезност, комуникативност и енергичност
  • Организираност, прецизност и точност во работењето
  • Силни вербални и пишани комуникациски вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
Одговорности и задачи:
  • Деловна е-маил кореспонденција
  • Телефонска кореспонденција со странки
  • Прием и прераспределба на повици кај соодветни сектори / лица
  • Прием и испраќање на пошта
  • Евиденција, архивирање на документи и водење општи административни работи
  • Припрема на пратки со документација
  • Набавка на канцелариски материјали
Потребни квалификации:
  • Образование - ССС
  • Пожелно е претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа на компјутер
  • Место на живеење – Скопје

Ние нудиме:

Редовна плата + бонуси од сработено
Службен телефон
Обезбедена обука

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај.

Повеќе информации на: www.rikomak.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде