Vrabotuvanje.com - Контакт центар агенти -италијански јазик - Скопје - ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контакт центар агенти -италијански јазик

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје

ЗА ПОЗНАВАЧИ НА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК - Отворено работно место за познавачи на ИТАЛИЈАНСКИОТ јазик
 
ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје (CMX Solutions), дел од германска компанија во доменот на давање кориснички услуги, за своите операции во Скопје објавува отворени работни позиции:
 
Контакт центар агенти со одлично познавање на италијанскиот јазик
 
 
Одлична можност за сите студенти кои одлично го владеат италијанскиот јазик да го надоградат во постојана интеракција на италијанскиот јазик и истовремено да заработат додека се сеуште на студии.
 
Опис на задачите: 
  • Одговарање на дојдовни повици од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците;
  • Ефикасно прибирање на кориснички информации, задоволување на потребите на корисниците и едуцирање на корисниците;
  • Обезбедување квалитетна услуга и поддршка во различни области кои вклучуваат информации за сметки, правење нарачки, решавање на системски проблеми и слично.
 
Потребни квалификации:
  • Одлично познавање на италијанскиот јазик (минимум Ц1 ниво) 
  • Одлично познавање на англискиот јазик ќе се смета за предност
  • Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
  • Способност да комуницира јасно и професионално
  • Претходно искуство не е потребно
 
Нудиме:
  • Одлични работни услови
  • Редовно вработување со можност за цело и пола работно време
  • Платена обука
 
Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на англиски/италијански најдоцна до 10.11.2018 на е-маил:  vacancies@cmx-solutions.com
 
Со поднесување на апликацијата, се согласувам ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје да ги чува  документите и личните податоци за процесот на вработување доставени од моја страна, со цел да ги искористи во последователните процедури за регрутирање во период од 3 години.
 
Јас сум информиран дека може да ја повлечам мојата согласност во секое време. Свесен сум дека ако ја повлечам мојата согласност, ЦМХ Солушнс Скопје нема да може да ме контактира за регрутирање во иднина за позиции кои би можеле да бидат соодветни за мене.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде