Vrabotuvanje.com - Office Manager - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Офис Менаџер. 
 
Office Manager 

 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 

 
Позицијата вклучува:
  • Евиденција, архивирање на документи и водење на општи административни работи
  • Набавка на потребите на канцеларијата
  • Проактивност во развојот на процесите и методите за подобрување на услугата и ефикасноста во сите области на администрацијата на компанијата
  • Координација на внатрешните и надворешните односи на компанијата
  • Обезбедување на непречено извршување на сите канцелариски активности 
  • Развој на разбирањето на работењето на компанијата, културата, политиките и процедурите 
 
Профил на кандидат:
  • Минимум 1 година работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Диплома за завршено високо образование е предност
  • Способност за планирање, организирање и извршување на задачи
  • Одлични комуникациски вештини
  • Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи
  • Само-ориентирана, мотивирана и проактивна личност
  • Искуство со сложени административни проекти и со работење со повеќе приоритети во исто време 
 
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 
 
Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај. 
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.  
 
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје  
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде