Vrabotuvanje.com - Виши специјалист за сегмент маркетинг и CRM - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Виши специјалист за сегмент маркетинг и CRM

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место.

Виши специјалист за сегмент маркетинг и CRM

Служба за сегмент маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници во Област на главен комерцијален директор  за приватни корисници                                         

Одговорности:

  • Учествува во подготовката на стратегијата и планот за комерцијални активности со цел за остварување на главните финансиски и маркетинг цели на сегментот
  • Подготовка и следење на реализацијата на бизнис и оперативните планови на сегментот
  • Анализа и сегментација на корисници со цел дефинирање на потребите на сегментот
  • Да воспостави логика на сегментација базирана на “домаќинства“ и активно ја води еволуцијата на овој модел на сегментација од аспект на искористување во продажба, зголемување на корисничка вредност и превенција на одлив на корисници. 
  • Дефинирање на стратегии за таргетирање на различни под-сегменти со цел задржување на корисниците и зголемување на нивната вредност.
  • Самостојно да води деловни проекти и активности поврзани со имплементација на нови и ажурирање на постоечките CRM алатки, податочно рударење (data mining)  итн.
  • Спроведување на  податочно рударење на корисничките податоци за портфолиото на мобилната и фиксната телефонија
  • Да дизајнира понуди за обновување на договори со корисниците 
  • Да дава предлози за нови  производи и услуги кои би го зголемиле корисничкото задоволство;
  • Да развива модели за предвидување на однесувањето на корисниците (тенденција кон одлив на корисници, тенденција за купување на услуги итн.)
  • Подготовка на извештаи и анализи за потребите на областа и топ менаџментот
  • Активно учество во меѓународни иницијативи со цел имплементација на стратешките цели на Дојче Телеком за развој на пазарот на приватни корисници

Што очекуваме:

  • Познавање на пазарни трендови
  • Отвореност и подготвеност за учење
  • Аналитичност и желба за работа со бројки
  • Креативност
  • Познавање на техники за планирање 
  • Колегијалност и желба да се споделува сопственото знаење со останатите вработени
  • Проактивност
  • Реализација на поставените цели во планираните временски рамки

Квалификации:

  • Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации; Економски факултет или други факултети
  • 3-5  година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на Excel и Power point
  • Познавање и/или претходно искуство со  SPSS, SAS, Cognos ќе се смета за предност; 

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) 

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата утврдена во согласност од компетенциите, квалификациите и работното искуство на кандидатот 
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши специјалист за сегмент маркетинг и CRM
 
Огласот ќе биде објавен на ден  12.09.2019  година и ќе трае  до  20.09.2019 година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,
Забелешка:
 
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде