Vrabotuvanje.com - Магационер - Пикер - Скопје - АЛМА- М
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магационер - Пикер

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛМА- М

Ние во Алма-М веќе 28 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти.

Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува ОГЛАС за следните работни 

МАГАЦИОНЕР- ПИКЕР

 
Датум на објава: 7 Октомври 2019
Рок за пријавување до 14 Октомври 2019
Број на оглас: О-191007-М-М
Сектор: Логистика
Локација: Скопје
Под супервизија на: Супервизор на магацин
 

Работни задачи:
  • Прием на роба со внесување по локации,
  • Утовар на роба во возила за достава,
  • Подготовка на нарачки,
  • Проверка на рокови и декларации,
  • Обработка на документација (повратници, задолжувања, раздолжувања,..) 
  • Одржување на хигиена во магацин,
  • Спроведување на пописи на неделно ниво,
  • Возење на нарачки по потреба,
  • Други работи по налог на претпоставениот
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,
  • Професионално однесување и организираност,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.
 
Потребно искуство:
  • Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 18.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде