Vrabotuvanje.com - Аналитичар за обработка на податоци - Скопје - ЕОС МАТРИХ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар за обработка на податоци

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕОС МАТРИХ ДООЕЛ Скопје

Скопје EOS Матрих вработува Аналитичар за обработка на податоци​

Ние сме ЕОЅ Матрих и сме дел од EOS групацијата, успешен меѓународен лидер кој нуди специјализирани и индивидуални финансиски решенија со секојдневен напредок во работата благодарение на нашите 7500 вработени ширум светот. Работиме за свет без долгови и нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување, можност за професионален и личен развој.  
 
 
Профил:
  • Завршено Високо образование по Бизнис, Инженерство, Компјутерски науки, Менаџмент на информациони системи или друга сродна област со одлични технички вештини 
  • Работно искуство во областа на Аналитика најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација
  • Солидно познавање на Microsoft office алатките
  • Познавање на Microsoft Visual Basic for Application
  • Одлично познавање на MS  Excel апликации, Pivot табели, макроа и слично
  • Познавање на C#, Python,  SQL
  • Познавање на Microsoft Visio,
  • Познавање на други програмски јазици, би се сметало за предност
 
Одговорности:
  • Работи во одделот за Деловна аналитика и известување и директно одговара на Раководителот на одделот
  • Мониторинг на податоци во системот, детектирање на грешки и соодветно постапување по истите
  • Обработка и импорт на податоци 
  • Анализирање на податоци, вадење на статистика и дефинирање на трендови
  • Автоматизација на процеси и, забрзување на работниот процес
  • Моделирање, предвидување, програмирање на  повторливи активности
  • Тестирање на  сценарија и предлагање на нови модели на анализи
  • Континуирана соработка со останатите оддели во компанијата
 
Придобивки:
  • Можност за работа со колеги од тимови во земјите каде EOЅ има претставништва
  • Пријателска, позитивна и здрава работна околина, фокусирана на развој на секој член од тимот
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за постојано учење и надградување


Успешни заедно 
Ако се пронајдовте во нашата приказна ве повикуваме да аплицирате на mk-hr@eos-маtrix.com со доставување на ваша биографија најдоцна до 01.11.2020 година и да ни се придружите заедно да ги поместиме границите на успехот.

Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи. 

Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1  година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку.

*Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил:  mk-dpo@eos-matrix.com
 

Доколку имате прашања можете да ни се обратите на:  
+389 2 3200 400 

www.eos-matrix.mk
www.eos-solutions.com

 

 
 
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде