Vrabotuvanje.com - Диспечер (Агент за логистика) - Скопје - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Диспечер (Агент за логистика)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕД ШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните македонски шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Диспечер (Агент за логистика)

Број на извршители: 1 (еден)

Одговорности и работни задачи:

  • Одговорен е за собирање, анализирање и следење на податоците со кои овозможува квалитетни услуги во меѓународниот камионски транспорт низ Европа, и организира економичен и безбеден транспорт;
  • Одговорен е за изработка на товарен и истоварен налог и најава за налог, давање насоки на возачите за возење, планирање на возното време и целиот работен ден на возачите, со цел да се обезбеди навремено товарање и испорака на стоката, при тоа следејќи ги безбедносните и законски прописи;
  • Одговорен е за организирање на товари, обезбедување на патарина (вињета) и регистрирање на платформите за следење на камиони (ТomTom, Dynafleet);
  • Одговорен е за навремено и точно архивирање на потребната документација за извршениот транспорт (ЦМР, патен налог) во класери за тековната година;  
  • Се грижи за состојбата на опремата во камионите (каиши, затегачи, агли, АДР даска и сл.);
  • Одговорен е за промптна организација на работата и пружање на услуги со кои се решаваат проблемите при одложен транспорт, изгубен товар или товар што недостасува;
  • Се грижи за економично користење на возниот парк и планирање на точење на гориво на однапред одредени пумпи;
  • Одговорен е за целосно координирање и пружање помош на возачите кои се упатени на службени пат (лоцирање на адреси во странство, упатување на користење точно одредени рути, навремено информирање за земјите во кои е на сила забрана за движење на камиони и сл.);
  • Одговорен е за навремено и точно водење на евиденција за целиот пат и поединечната дестинација на која се наоѓа секое возило, како и за правилна евиденција и пресметка на поминати км и соодветна наплата на истите;
  • Одговорен е за советување на клиентите за прашања од делокругот на неговата работа;
  • Одговорен е за комуникација со клиенти во спорни или комплексни ситуации од делокругот на неговата работа;
  • Одговорен е за усогласеност на Друштвото со регулативата која се однесува на областа на логистиката и транспортот;
  • Одговорен е за вршење и на други работи по налог на координаторот на Диспечерски центар и управителот, и за својата работа одговара пред нив. 

Потребни квалификации:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Претходно работно искуство во областа на транспортот и логистиката - најмалку 1 година ќе се смета за предност
  • Задолжително активно владеење на англискиот јазик

Профил на кандидатот:

  • Самостоен во извршувањето на работните задачи
  • Сериозен, одговорен, организиран и иницијативен
  • Енергичен, педантен, позитивен и лојален  
  • Способен за работа под временски притисок

Услови од компанијата:

  • Динамична работна средина во брзорастечка компанија  
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, организирано во смени
 
За повеќе информации контактирајте нѐ на 078-264-893 (Ирена).

Доколку ги исполнувате нашите услови, аплицирајте со испраќање на Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака “Диспечер (Агент за логистика)” во насловот на пораката. Огласот е отворен 30 дена од датумот на објавување. 

Напомена:

Апликациите без приложена биографија нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ред шпед ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде