Vrabotuvanje.com - Тест Техничар (Test Technician) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Тест Техничар (Test Technician)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Тест Техничар (Test Technician)
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Обезбедува опремата за тестирање да функционира на стабилен начин и да ги исполнува барањата од нејзина функционална спецификација; 
  • Врши анализа на дефекти со цел навремено решавање на проблемите и намалување на прекините на производствениот процес; 
  • Bрши калибрација и редовно одржување на опремата за тестирање; 
  • Соработува со други техничари и инженери кои ги користат податоците од тестирањето со цел да се подобри квалитетот на производите како и процесите поврзани со нивниот дизајн.

Образование, искуство, вештини:
  • ССС или ВСС од електротехничка струка;  
  • Теоретско и практично познавање и искуство на енергетска електроника, искуството во сервисирање на потрошувачка електроника ќе се смета за предност; 
  • Способност за забележување на детали и вештини за решавање проблеми;  
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар
  • Здраво и безбедно работно опкружување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Сигурност на вработувањето
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Тест Техничар" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде