Vrabotuvanje.com - Административен асистент - Скопје - УНИОР Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • УНИОР Македонија
  • Адреса: ул. Народен фронт бр.5 лок.7, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.uniormakedonija.mk

 

УНИОР МАКЕДОНИЈА се залага за вредностите кои ја прават нашата компанија она што е: блиска до клиентите, иновациите, перформансите и сигурноста.

Нашето ветување се заснова на овие вредности: tools for life – доживотна гаранција на рачниот алат.
На сите наши корисници, каде и да се, УНИОР МАКЕДОНИЈА нуди вистинско решение за постигнување одлични резултати.
Ние секогаш се фокусираме на барањата на корисниците и ја нудиме најдобрата услуга.

Препознатливи сме по навременоста, прецизноста флексибилноста, професионалниот тим врз основа на кои развиваме интелигентни решенија базирани на потребите на клиентот.

Заради овие вредности многу корисници од трговската мрежа и индустријата – лидери во својата област – го препознаа квалитетот и станаа задоволни корисници на УНИОР рачниот алат.

Ве очекуваме, аплицирајте и бидете дел од нашиот тим !

АДМИНИСТРАТивен асистент

Локација: Скопје 

Основни одговорности и задачи:
 
Прима и проследува документи;
Води деловодна книга, прави заверка на влезни и излезни документи;
Води евиденција, чува и доставува документација до сметководство;
Администрира документи и води материјално-финансиска евиденција; 
Подготвува налози за плаќање и врши електронско плаќање;
Се координира со сметководителот во врска со финансиското работење;
Изготвува фактури до коминтентите и ги доставува на сметководителот заедно со останати финансиски документи;
Води и изготвува благајна;
Деловна коресподенција со клиенти и соработници;
Изработува интерна документација.
 
Потребни квалификации:
 
Претходно работно искуство (ќе се смета за предност);
Познавање на англиски јазик;
Возачка дозвола – Б категорија (ќе се смета за предност);
Подготвеност за тимска работа и работа под притисок на зададени рокови.
 
Личен профил:
 
Одговорна и организирана личност;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.


 

Доколку сте заинтересирани Ве молиме испратете CV преку полето Брза Апликација.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде