Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за големопродажба - Скопје - ДЕЛТА СПОРТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист за големопродажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДЕЛТА СПОРТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје
  • Адреса: 1000 Скопје

Kомпанијата Д спортска опрема e формирана со идеја дека најпопуларните спортски брендови, препознатливи по услугата и стабилното работење, внесе здрав дух во сите сегменти од живењето. Со најдолга традиција на пазарот работиме преку две децении.

Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар резултат , за учење и за унапредување во работата. По тој повод, потребна ни е личност за работно место:

 
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Место на работа: Скопје

 

Работни обврски:

  • Управување со постоечката база на клиенти и воспоставување контакти со нови клиенти
  • Изработка на понуди за спортски клубови/организации и пронаоѓање на нови купувачи
  • Креирање нарачки, фактурирање, продажба на стоки
  • Преземање на продажни активности кои ќе допринесат во исполнувањето на зададените цели на месечно, квартално и годишно ниво
  • Работа на терен - посета на купувачите и барање на нови купувачи , креирање на извештаи по извршената посета
  • Следење и анализа на постигнатите резултати и подготовка на извештаи
  • Правење нарачки за големопродажните купувачи и дефинирање на артиклите
  • Ефикасна организација на функционалноста на show room
  • Административна работа во согласност на активностите во секторот на големопродажба
  • Обезбедување на наплата од купувачите

Потребни квалификации

  • IV / VI степен
  • Минимум 3 години работно искуство на исто или слично работно место
  • Добро познавање на пазарот за спортска облека и обувки
  • Изразена ориентираност кон клиентите
  • Добра компјутерска писменост (MS Office пакет)
  • Познавање на англиски јазик (средно до напредно ниво)
  • Возачка дозвола Б категорија - активен возач

Можете да очекувате:

  • Работете во стабилна компанија
  • Редовна и стимулативна заработка
  • Бонуси во согласност со перформансите
  • Можност за професионален развој и напредување

Вашето CV и мотивациско писмо испратете ги електронски преку Брзата Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде