Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за амбулантна продажба - Куманово - Куманово - БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист за амбулантна продажба - Куманово

Куманово

Рок за пријавување:

  • БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА

B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.

B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.

B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци

Фокусот на компанијата е на квалитетот, иновативноста и диференцијацијата.
Имаме потреба од:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА АМБУЛАНТНА ПРОДАЖБА
ЗА РЕГИОН: КУМАНОВО


РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Континуирано освојува нови продажни места и гради професионални односи со постоечките клиенти
  • Врши посета на зададен регион според рута за посета и преговара за продажба и изложување на производите управувајќи со комерцијално/товарно возило за амбулантна продажба (Volkswagen Caddy)
  • Се грижи за залихите, изгледот и позиционирањето на производите во постоечките продажни објекти
  • Презентирање и продажба на постоечките и новите производи  кај постоечките и потенцијалните купувачи
  • Секојдневно се грижи за присатност на комплетното портфолио и залихите кои треба да се испорачат
  • Одговара за исправноста и хигиената на задолжените средства (возило, технички апарати) и за соодветно чување, складирање и ракување со готовите производи кои се предмет на крајната продажба
  • Преговара и договара поставување на дисплеи, полици и ладилници и координира нивна правилна употреба
  • Ги следи активностите на конкуренцијата и дава предлози за подобрување на севкупното работење
  • Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените


ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:

  • Минимум 1 година искуство во продажба на алкохолни/безалкохолни пијалоци или FMCG
  • Познавање на албански јазик ќе се земе како предност
  • Завршено минимум ССС
  • Познавање на MS Office пакет
  • Валидна возачка дозвола - Б категорија
     

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Развиени комуникациски и продажни вештини со претприемачки вештини
  • Проактивност, навремено планирање на дневни/неделни/месечни активности
  • Уредност, одговорност и флексибилност
  • Тимски работник, амбициозен за сопствениот развој, како и за развој на тимот во целина
     

ШТО НУДИМЕ:

  • Работа со Premium интернационални брендови увезени директно од Холандија и Белгија
  • Редовни месечни примања од 27.500 денари до 60.000 денари  и одлична можност за понатамошно напредување и дополнителни бонуси.
  • Месечни бонуси од 3.500 денари до 32.500 денари согласно остварените резултати во продажбата и наплатата, односно – процент од остварената продажба и наплата
  • Годишен регрес од 27.500 денари
  • Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
  • 40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски Мај-Септември се работи 6 дена во неделата со скратено работно време од вкупно 40 часа неделно)
  • Тимот на БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден е во забрзан развој, одлична можност за развој на кариера


Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација со назнака за кој регион аплицирате или остварете директен контакт на 072/262-100 за повеќе информации.

 

БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде