Vrabotuvanje.com - Продажен менаџер - Скопје, Источна Македонија - АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продажен менаџер

Скопје, Источна Македонија

Рок за пријавување:

  • АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ Скопје
 
 
 

Арт Принт Студио ДООЕЛ Заштитна, има потреба да вработи:

SALES MANAGER – ПРОДАЖЕН МЕНАЏЕРИ за 
Скопје, Источна Македонија и менаџер за Албанско говорно подрачје за Скопје



Опис на работата и работните задачи:

  • Арт Принт Студио има потреба од ПРОДАЖЕН МЕНАЏЕР...

Компаниската култура на АРТ ПРИНТ СТУДИО се темели на:

  • Мотивациски став спрема вработените.
  • Проактивен пристап кон секој предизвик и меѓусебна соработка.
  • Почит и вреднување на секој вработен и соработник.
  • Градење на отворена и искрена комуникација со секој член од тимот.
  • Прифаќање на промените и охрабрување на развој на нови идеи.
  • Поттикнување и поддршка на индивидуалниот раст и развој, преку постојано инвестирање во обуки.

За таа цел потребно е лицето да поседува:

  • Особен интерес во продажниот сектор
  • Лична и професионална ефективност
  • Прецизност и ажурност во работатата 
  • Отклонување на несакани грешки во текот работата
  • Подготвеност за работа во тим
  • Подготвеност да ја прифати фирмата како своја и фирмата Вас да се вреднува
  • Комуникативни вештини
  • Активно познавање на Microsoft office пакетот
  • Познавање на англиски јазик
  • Поседување на возачка дозвола од Б Категорија
  • Подготвеност за работење на терен и патување во одреден реон
  • Одлични комуникациски, презентациски и аналитички способности;
  • Обука за работење на ЕРП Софтвер
  • Претходно работно искуство од мин. 1 години во овој сегмент


Лицето ќе ги има следнива задачи:

  • Компанијата сама генерира клиенти но и Вие кои треба да се информираат и да се разговара со нив за  нивните потреби за остварување на интерес помеѓу двете страни, Комуникација со нови и стекнати клиенти на компнанијата.
  • Комуницирање преку e-mail како и преку социјални мрежи, теренска комуникација со клиенти
  • Предлагање и следење на продажни механизми и политики
  • Пратење и развој на пазарот и известувања, следење конкуренција во регионот
  • Контролор на процеси
  • Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
  • Изработка на план за развој на пазарот и одржување на контакти со веќе постоечки клиенти (листа на
  • компании по дејности, закажување состаноци и нудење производи
  • Преговарање, договарање и склучување на договори и продажби со клиенти
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен.
  • Апликација на нови продукти и технологии на пазарот (според барањата на клиентите учество во
  • создавање нови продукти, Иновативност кон пазарот со продукти)
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
  • Административна подршка на Арт Принт – ќе биде договорена во текот на работењето
  • Конкретно дел од времето ќе работи во фирма на изработување цени, ценовна политика, продуктна 
  • политика, координација со колегите за производството и комуникација со клиенти (за тоа во процес е 
  • инстралирање на ЕРП Софвер) – ова е дел кој ќе се моделира во текот на работењето
  • Продажните Менаџери вон Скопје нема да имаат потреба да доаѓаат во Скопје.
  • Работното време на продажниот менаџер не е строго дефинирано (Арт Принт Студио, работи од 8-16часот)


АРТ ПРИНТ ВИ НУДИ:

  • Фиксна плата и пријавување на платата која сме Ве пријавиле, исплата на Бонуси како награда на платата кои ќе се надоградат на платата и на основ на тоа ќе го имате и бруто плата.
  • Посетување обука за продажба
  • Веб Сервис за лесна комуникација и преглед на цени, слики, видеа и технички карактеристики • Можност за продажба на странски ваши клиенти (посебна програма)
  • Арт Принт Студио сериозно е во процес на рекламирање.
  • АРТ ПРИНТ ВИ НУДИ ГОЛЕМА ПРОГРАМА ЗА ПРОДАЖБА НА МАРКЕТИНГ ПРОДУКТИ ОД КОЈА ЕДНА ПРОГРАМА Е ЗА КУТИИ ЗА СЕКУНДАРНИ КУТИИ ЗА РАЗНИ ПРОДУКТИ И КУТИИ ЗА ДИРЕКТЕН ДОПИР НА ХРАНА ЗА КОЈА ГРАДИМЕ СПЕЦИЈАЛНА ФАБРИКА (НИЕ СМЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОДАВАЧИ НА КУТИИ ЗА ДИРЕКТЕН ДОПИР НА ХРАНА ВО МАКЕДОНИЈА)


Можност за добра заработка преку процент после воспоставување, усогласување и координација на целиот систем, фиксна плата и пријавени на висината на фиксната плата.

Вашето CV пратете го преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака - Sales.

АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ ЗАШТИТНА е компанија со социјален карактер, вработува лица со Хендикеп.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде