Vrabotuvanje.com - Асистент за човечки ресурси - Скопје - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ


Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
 

 
АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Локација: Скопје
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани и креативни кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим за Човечки ресурси.

Како Асистент за човечки ресурси ќе бидете одговорни за:

  • Регрутирање на нови вработени во компанијата;
  • Onboarding на нови вработени;
  • Спроведување на програми за мотивација и развој на вработени;
  • Евиденција и контрола на работното време на вработените;
  • Водење на досиеја на вработените во компанијата.

Доколку сте:

  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
  • Комуникативни, одговорни, самоиницијативни и проактивни.

И поседувате:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Работно искуство на иста или слична позиција најмалку 1 година;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Висок личен интегритет и деловна култура.

Ние ви нудиме:

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
  • Атрактивна нето месечна заработка;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот.

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 21.04.2024 година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде