Vrabotuvanje.com - Агент/ка во Back Office - Скопје - Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент/ка во Back Office

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје

Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, како и инетрнационално на пазарите во Германија, Австрија, Швајцарија и Турција. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.

Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите, нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.

Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?

Пријави се за позицијата:

Агент/ка во back office (грижа за корисници)
 

Агентот во Back Office е одговорен за ефикасна реализација на барањата на корисникот, со што директно допринесува и влијае на задоволството на нашите корисници.

Твоите обврски:

  • Прием, дистрибуција и реализација на корисничките барања
  • Прием, дистрибуција и решавање на приговори на корисникот
  • Решавање на системски проблеми, барања и корекции на фактура
  • Комуникација со други тимови со цел отстранување на рекламации

За да бидеш успешен потребно е да:

  • Да си ориентиран кон корисникот
  • Имаш комуникациски вештини и да си тимски играч
  • Имаш минимум средно познавање на (Microsoft Office) пакети
  • Имаш минимум 4ти степен на стручно образование

Кај нас можеш да сметаш на:

  • Конкурентна почетна плата
  • Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
  • Развој на вештини низ стручна обука
  • Развој на кариера
 
Ако себе си се гледаш во овој опис, испрати ни ја својата биографија преку полето "Брза Апликација"!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде