Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за продажба на стопански возила - Скопје - МАН ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист за продажба на стопански возила

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАН ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Придружете ни се и станете дел од нашиот тим!

Бидете храбри, прифатете го предизвикот и станете дел од МАН тимот кој е водечки на пазарот во продажба на нови и користени камиони и автобуси.

КОМЕРЦИЈАЛИСТ за продажба на стопански возила (М/Ж)

Токму Вие сте новиот член на нашиот тим ако:

  • имате завршено ВШС/ВСС техничка или економска насока 
  • имате кратко работно искуство или немате (не грижете се, ние сме тука да Ве научиме на сите тајни на нашето работење)
  • Ве интересираат моторни возила и со задоволство следите автомобилски магазини
  • напредно го користите MS Office програмскиот пакет
  • самостоен корисник сте на англиски или германски јазик
  • добро се снаоѓате во тим и уживате секојдневно да работите со различни луѓе, а во работата дополнително Ве мотивира остварувањето на зададените цели
  • поседувате возачка дозвола минимално Б категорија 
  • комуникативни сте и сакате да бидете опкружени со луѓе 
  • подготвени сте да прифатите нови знаења и секојдневно да ја унапредувате својата работа 
  • аналитично и структурирано им пристапувате на работните задачи и ефикасно управувате со времето
  • проактивни сте и самоиницијативни во решавање на секојдневните предизвици
  • познавање на техниката на моторните возила е предност (но не е услов, доволно е да имате интерес, бидејќи низ работата ќе научите сè што Ви е потребно)

Опис на работата:

  • активен контакт со купувачите на терен и во канцеларија 
  • изработка на понуди, калкулации, купопродажни договори и друга комерцијална документација 
  • промовирање и продажба на стопански возила 
  • техничка поддршка на продажниот тим и купувачите
  • вршење на сродни работи по налог на непосредно претпоставениот и предлагање на идеи за подобрување на процесите како и на деловните резултати

Ако го прифатите предизвикот Ви нудиме: 

  • можност за константно учење, усовршување и примена на усвоеното знаење, како и можност да бидете дел од модерно и динамично деловно опкружување
  • прилика за соработка со светски познати странски фирми 
  • можност за работен однос на неопределено време по завршување на приправничкиот стаж
  • интерно и екстерно школување, програми на обука, менторство и јасен пат во кариерата
  • соодветни финансиски приходи и други поволности како наградни додатоци за Божиќ, Велигден, годишна награда за работни резултати, месечни исплати за превоз, организирани тим билдинг активности, годишни патувања и различни кофинансирани спортски рекреации (ќе стекнете пријатели и по работното време)

Се радуваме на средба и можност да Ве вклучиме во нашиот тим. Пријавете се со биографија до 26.06.2024 преку полето Брза Апликација.

 

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л. е главен увозник на комерцијални возила на угледниот производител MAN Truck & Bus SE од Минхен за пазарот на Република Северна Македонија.

На корисниците им нудиме нови и користени комерцијални возила, камиони во распон од 6 до 48 тони носивост, автобуси за градски, приградски и туристички превоз, како и оригинални резервни делови за наведените возила
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде