Vrabotuvanje.com - Агент за бизнис продажба - Скопје - Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за бизнис продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје

Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, како и пошироко на пазарите во Австрија, Швајцарија.

Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.

За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.

Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција:

АГЕНТИ ЗА БИЗНИС ПРОДАЖБА (Key account manager)
 

Стани и ти дел од тимот на МТЕЛ и одлично заработи!

Ако сакаш предизвици кои ги носи продажбата, сега имаш можност во директна комуникација со корисниците на терен да стекнеш нови знаења, научиш се за телекомуникациите и работиш во динамично опкружување.

Твоите одговорности се:

  • Презентација и продажба на Мтел производи и услуги на сите постоечки и потенцијални нови бизнис корисници
  • Проактивност во продажба поради постигнување на продажни бизнис цели
  • Давање на прецизни информации на бизнис корисникот за цени, производи и услуги
  • Активно слушање на корисникот и разбирање на потребата на бизнис корисникот
  • Едукација на бизнис корисникот за новите производи на компанијата

Она што е потребно за добар почеток е:

  • Развиени продажни вештини
  • Ориентираност на продажба и резултати
  • Добра комуникација и тимска ориентација

Ние ти нудиме:

  • Вработување со дополнителна заработувачка (провизија за секоја продажба)
  • Можност за кариерен развој
  • Искуство во најпрофитабилната дејност
  • Стекнување на дополнителни вештини за работа

Каква личност бараме:

  • Искуство во продажба и давање решенија засновани на потребите на бизнис клиентите
  • Силни комуникациски и интерперсонални вештини со способност за градење односи со професионалци од сите организациски нивоа
  • Одлични организациски вештини
  • Способност за решавање проблеми и преговарање
  • Енергична си и позитивна личност;
  • Во новите предизвици ја гледаш својата шанса;
  • Личност спремна за работа и на терен
 
Ако себе си се гледаш во овој опис, испрати ни ја својата биографија преку полето "Брза Апликација"!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде