Vrabotuvanje.com - Мултимедија техничко лице за продажба - Скопје - Логинг Електроникс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Мултимедија техничко лице за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Логинг Електроникс

Д.О.О Логинг Електроникс го основавме на Македонскиот пазар во Октомври 1997 година. Настапивме во областа на електрониката и технологијата токму кога тие имаа најголем подем во нашата земја. Се соочивме со голема конкуренција, но полни со ентузијазам се изборивме за сопственото место.

Д.О.О Логинг Електроникс има потреба од следната работна позиција

 

Мултимедија, Техничко Лице за Продажба

 

Да им помогнете на нашите купувачи треба да бидете запознаени со нашите производи: eлектронски компоненти, материјали и мултимедија артикли. Ако отидете на нашиот сајт ќе видите голем број производи. Може ќе си помислите дека треба да ги познавате сите постоечки и нови кои пристигаат, но не е така. Тоа што морате да го познавате е функционалностите на групите на производи, да ги пронајдете во нашиот систем со што и ќе најдете комплетни информации за нив. Дури потоа на сцена стапувате Вие во функција на продавач, со Ваш совет им помагате да одберат тоа што им е потребно (често и не знаат што им е потребно, но бидејќи технологијата се движи забрзано напред разбирливо е дека неможе секој да ја следи). Најчесто за еден проблем имаме повеќе решенија кои им ги објаснувате и им давате совет како да ги користат, со што технологијата ја ставате во функција на олеснување на секојдневието. Секако дека знаењето на англискиот јазик треба да биде на ниво на конверзација. Морате да бидете позитивни и да му пренесете на нашиот купувач сигурност дека го има оптималното решение на проблемот, а потоа ако не се снајде нема да биде оставен сам! Оваа порака треба да му ја пренесете на нашиот купувач со која всушност и не го лажете, тоа е токму така!

 

Предуслови:

  • Завршено средно техничко училиште или степен на високо техничко образование;
  • Задолжително: позитивен животен став, работно искуство во сектор Продажба;
  • Задолжителна, желба со иницијатива за учење, а се друго ќе научите;
  • Задолжително, добро владеење говорен Англиски  jазик;
  • Основни особини кои очекуваме да ги сретнеме кај секого од нас во Логинг Електроникс


Квалификации:

  • Задолжително искуство во работа со компјутер, интернет;
  • Комуникациски вештини, уживање во динамичност, флексибилност како концепт;
  • Прецизност, сигурност;
  • Тимски ориентирана во поттикнување и градење на меѓусебна доверба, почит и соработка меѓу членовите на тимот но и индивидуалец во продажба;
  • Менаџирање со време, почитување на рокови;
  • Основно познавање на производите на ЛОГИНГ Електроникс;
  • Возачка дозвола, пожелно.


Што нудиме: Освен знаење за нашите производи ќе имате прилика да се запознавате и со новите технолошки решенија, троцифрен број на луѓе со кои секојдневно ќе бидете во контакт, динамична средина.

 

Тестирање задолжително

Запознајте се со  Шесте чекори за вработување

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности пополнете Пријавување за работа.

 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде