Vrabotuvanje.com - Бизнис аналитичар - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бизнис аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
 
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извондредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 

Бизнис аналитичар​
 
Локација: Скопје
Оддел: Контролинг
Рок за пријавување: 31.03.2023

 
 
Опис на работата:
  • Бараме бизнис аналитичар за да се придружи на нашиот тим. 
  • Како бизнис аналитичар вие ќе бидете одговорни за собирање, обработка и презентација на податоци за да и помогнете на нашата компанија да носи одлуки базирани на податоци. Вашите одговорности ќе вклучуваат креирање и одржување на бази на податоци, развивање и имплементација на алгоритми и статистички модели, имплементација и поддршка на бизнис информатичките системи во сите сектори. Бизнис аналитичарот ги идентификува проблемите и можностите во организацијата и навремено нуди решенија кои ги поддржуваат бизнис целите.

Потребни квалификации:
  • Познава некој од програмските јазици ( Python или SQL );
  • Искуство со работа со SQL база на податоци, познавање на техники за складирање, пребарување и управување со податоци е од суштинско значење;
  • Искуство со алатки за визуелизација на податоци како што се Power BI;
  • Познавање на статистички концепти, како што се анализа на временски серии и регресивна анализа;
  • Способност за самостојна работа, но и како дел од тим;

Работни задачи:
  • Спроведување на анализа за потреби ( requirement analysis );
  • Имплементирање на решенија кои ги исполнуваат бизнис потребите;
  • Ажурирање на сите влезни податоци на софтверот како и корисниците и нивните права за пристап;
  • Ја следи сигурноста на софтверската инфраструктура и превенира неовластен пристап;
  • Менаџирање на проекти, развој на планови за проекти и следење на перформанс;
  • Идеја, развој и имплементација на Microsoft Power BI;
  • Развој на документација за корисници;

Зошто Бизнис Аналитичар во Еуротабак?
  • Hybrid модел на работа
  • Флексибилно работно време
  • Независност во работењето
  • Инвестирање во професионален раст (до-едукации и сертификации)
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбедуваме опрема со највисок;

Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна преку полето Аплицирај и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

 
Краен рок за аплицирање е до 31.03.2023
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде