
Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 340 производствени операции и 89 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 161,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.
За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Главни одговорности:
- Техничарот за одржување е одговорен за поправки и одржување на машините на целото производство
- Навремено одржување според претходно зададен план
- Дава препораки за оптимизација на процесите и на опремата
- Намалување на застојот како дел од неговата работа за одржување и поправка
Потребно искуство:
- Техничко образование
- Минимум 1 година искуство во техничка област
- Основно познавање на MS Excel
- Вештини за решавање проблеми
- Познавање на англиски јазик
- Аналитички и сеопфатни вештини на размислување
- Способност за работа под притисок
- Тимски играч
- Организиран превоз и топол оброк
- Обуки и стекнување на нови вештини
- Можности за интерни унапредувања
- Отворена и динамична корпоративна култура
- Бонус систем
- Приватно здравствено осигурување
Праведниот однос кон вработените е основата на нашата корпоративна култура. Аплицирајте и придружете се на нашиот глобален тим од 161.000 вработени.
Forward. For all.
Место на работа: ТИРЗ Охрид / Струга
Краен рок за аплицирање: 03.06.2023.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги имате потребните вештини, испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака: "Техничар за одржување" најдоцна до 03.06.2023
Со доставување на Вашето CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.