Vrabotuvanje.com - Продавач во продажен салон - Скопје - ЕНЕРГИЈА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавач во продажен салон

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕНЕРГИЈА ДОО
  • Адреса: ул.Лондонска бр.1б Карпош, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.energija.com.mk

Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн. Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн.

Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти.

Енергија доо има потреба од следната работна позиција
Продавач во продажен салон (м/ж)

 

Одговорности и задачи:

  • Професионален однос со клиенти
  • Услужување на купувачите и продажба на производи од областа на греење, ладење и климатизација
  • Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот сало

Потребни Квалификации:

  • ССС
  • Поседување на вештини за продажба
  • Претходно работно искуство во продажба на областа на климатизација или бела техника ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутер, (MS Office, Internet Explorer)
  • Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех

Предност за работната позиција:

  • Желба за работа во динамична средина
  • Одлични комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флескибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност

Ние нудиме:

  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања

 

Сите заинтересирани апликации може да ги достават преку полето Брза Апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани

Огласот трае до 25.03.2019.

 

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде