Vrabotuvanje.com - Платена практикантска работа - Скопје - ТАРГЕТ ГРУП ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Платена практикантска работа

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТАРГЕТ ГРУП ДОО
  • Адреса: ул. Кеј Димитар Влахов бр. 3-1/1/3 Центар, 1000 Скопје

ОГЛАС ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ВО 
ТАРГЕТ ГРУП ДОО СКОПЈЕ

Друштво за трговија и услуги ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, компанија за бизнис информации, има потреба од практикант кој би помагал во работните процеси на секторот за продажба.

Практикантската работа има за цел да го подготви практикантот за самостојно настапување на пазарот на труд, со тоа што ќе помогне тој да стекне нови знаења и вештини, како и да ги надгради веќе постоечките, а дополнително и да ја помогне работата на секторот за продажба.

Практикантската работа ќе се врши според однапред дефинирана агенда, од понеделник до петок, со помош на ментор кој ќе ја организира и следи практикантската работа.

 
Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:
  • Да не се во работен однос;
  • Да не се постари од 34 години;
  • Да имаат завршено најмалку основно образование;
  • Да имаат одлично познавање на англиски јазик и MS Office;
  • Подготвеност за работа во тим;
  • Да се самоиницијативни, комуникативни и проактивни;
  • Да можат да ја извршуваат практикантската работа од 08:30 до 16:30 часот.
 
Клучни задачи на практикантот:
  • Асистирање на вработените во секторот за продажба при обавување на нивните секојдневни работни активности;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Работа на ERP систем.

Практикантската работа ќе биде со времетраење од 1 (еден) до 3 (три) месеци.

Избраниот кандидат ќе добие однапред утврден месечен надомест за спроведената практикантска работа согласно одредбите од Законот за практикантство.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија, со назив “ПРАКСА” преку полето Брза Апликација  најдоцна до 18.07.2019 година.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде