Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба - Скопје - Квенбергер Логистик Македонија Дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Квенбергер Логистик Македонија Дооел
  • Адреса: Мултифунционална Зона Којлија, Ул.9 бр.4, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.quehenberger.com

Ние сме Quehenberger Logistics. Ние бараме мотивирани и посветени луѓе во нашата филијала во Скопје и нудиме можност да ги здружат силите со нас.

Quehenberger Logistics е меѓународна логистичка компанија со повеќе од 2.900 вработени во 18 земји во Централна и Источна Европа.

​Како провајдер за транспортни услуги, мрежна и договорна логистика, ние им нудиме на нашите клиенти персонифицирани решенија. Поради силниот раст и условите на новите пазари, бараме вработени кои се подготвени за одговорно и сервисно-ориентирано работење, на следната работна позиција:

Менаџер за продажба​

Обврски и одговорности: 

  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти – развој на пазарот
  • Унапредување на продажба согласно пазарните можности
  • Формирање на понуди
  • Контрола на набавката и продажбата

Вештини и способности:

  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи
  • Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини, совесност
  • Одговорност и предаденост на работата

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство (предност)
  • Познавање на англиски јазик 
  • Поседување возачка дозвола Б категорија

Личен профил на кандидатот:

  • Високи организациски способности, наклонетост кон тимска работа, како и самостојност и иницијатива
  • Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување на продажбата
  • Креативност и упорност во спроведувањето на поставените цели
  • Вештини за комуникација, бизнис преговарање и презентирање

Што нудиме

  • Интересна и сигурна работа во меѓународно опкружување во кое можете да ги внесувате вашите сили и да ги развивате заедно со нас
  • Рамни хиерархии и кратки патеки за одлучување
  • Динамична корпоративна култура
  • Сеопфатни програми за обука

Доколку сте заинтересирани и воедно ги поседувате погоре наведените критериуми, Ве охрабруваме да ја испратите Вашата Професионална биографија преку полето Брза Апликација!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде