Vrabotuvanje.com - Deputy Store Manager - CROPP (Заменик Менаџер на продавницa) - East Gate, Скопје - ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Deputy Store Manager - CROPP (Заменик Менаџер на продавницa)

East Gate, Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ

Бидете и вие дел од LPP, современа и реноминарана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
 
 

LPP е интернационална компанија која над 20 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.

Нашата моментална мрежа од околу 1700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток, од неодамна и во Македонија, и тоа со сите 5 бренда, па за таа цел сме во потрага по наши идни колеги:


 

Deputy Store Manager - CROPP
(Заменик Менаџер на продавницa)

Локација: East Gate - Скопје

 

Основни одговорности

  • Исполнување на продажни цели
  • Разбирање на потребите на купувачите и асистенција при откривање и избор на нашите производи
  • На брз и ефикасен начин доставување на точни и прецизни информации на купувачите за производи, цени, промоции.
  • Обезбедување на високо ниво на задоволство од страна на купувачите и одлична услуга за време на целата асистенција
  • Му помага на Менаџерот на продавница во одржување на одлични услови во продажниот објект и како и во запазување на визуелни страндарди кои ги налагаат брендот и компанијата
  • Справување со забелешки и примедби изнесени од страна на купувачите
  • Работење и наплата на каса 

Што очекуваме

  • Степен на образование – ВСС
  • Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
  • Одлични комуникациски вештини
  • Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
  • Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
  • Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
  • Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Ние Ви нудиме

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
  • Динамична работна средина
  • Можност за кариерен раст и развој
  • Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
  • Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови

 

За аплицирање проследето го вашето CV на англиски јазик преку полето Брза Апликација, најдоцна до 05.10.2022.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.
Дознајте повеќе за нас на
www.lppsa.com

 


Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде