Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - ЕВРО ТИМ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВРО ТИМ ДООЕЛ
  • Адреса: Бул. Јане Сандански, 86, 1000 Скопје

Нашата приказна започнува во 1992 година кога за прв пат ЕВРО-ТИМ се појавува како компанија на медицинскиот пазар во Македонија. Со голем ентузијазам се откриваа медицинските достигнувања. Следејќи ги нив ги откривавме водечките компании од најразлични области на медицината и фармацијата. Од почетокот нé водеше идејата да презентираме и пласираме опрема и производи од врвен квалитет. Тоа успешно го остваруваме и реализираме до денешен ден. И секако и во иднина ќе ни биде наш правец кон успехот. Почетниот успех нé поттикна да ги прошириме нашите услуги и на соседните територии на Албанија и Косово, каде во последниве 10 години имаме цврста и успешна соработка со јавните и приватни здравствени установи. Нашиот тим се состои од мотивирани и посветени стручни лица од областа на медицината и економијата.

Во нашето работење се одликуваме со посветеност, искуство, професионалност и загарантиран успех кај нашите клиенти.

EВРО-ТИМ има потреба од следната работна позиција:

Комерцијалист за медицински помагала и средства​

Потребни квалификации:

  • Образование - Фармацевтски, Стоматолошки, Медицински Факултет, Ветеринарен Факултет, Биотехнолошки Факултет, Виша медицинска, РТГ техничар
  • Претходно работно искуство во администрација ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик – напредно ниво (говорење и пишување)
  • Познавање на работа со компјутери, познавање на Microsoft Office пакет 
  • Поседување возачка дозвола Б - категорија

Очекувани вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални способности
  • Ориентираност кон клиенти
  • Самоиницијативност и одговорност при извршување на работни задачи
  • Способност за тимска работа 
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
  • Презентација и комерцијално работење (приоритет)

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде